Соопштенија

„Ајде да играме тенис“ – Бесплатна професионална обука за почетници во СЦ Борис Трајковски

Во склоп на СЦ „Борис Трајковски“, ВИП тениските терени се припремаат со полна пареа. Главната причина е најавениот новитет во тековната програма на спортскиот центар, наменет за сите граѓани и спортски ентузијасти кои се вљубеници во тенисот. На 14.05.2016 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, за прв пат ќе се одржи првиот отворен час по тенис, насловен како „Ајде да играме тенис“.

Успешно завршена трета сезона на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски

Сезоната на ВИП Лизгалиштето за 2015-2016 година, во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски, официјално завршува во недела. Претставниците на центарот се задоволни со резултатите од изминатата сезона како и од зголемената заинтересираност на граѓаните да се вклучат во ваков вид на зимски спорт.

Борис Трајковски е инспирација и гордост: Оддадена почит пред најголемиот спортски центар во Македонија кој го носи неговото име

Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 12 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.

Потпишан договор за деловна соработка помеѓу Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ и оне.Вип ДОО

Скопје, (15 февруари 2016г) Денес оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ потпишаа договор за деловна соработка.

Во 2017 година Македонија ќе добие тениска арена, гимнастичарска сала, базен и многу поволности за младите

Кон крајот на 2017 година Македонија ќе добие затворена тениска арена и гимнастичарска сала по сите светски стандарди.

СЦ Борис Трајковски руши рекорди

Скопје (1.12.2015)Националната арена СЦ Борис Трајковски руши рекорди во организација на настани и полниот календар во овој период од годината. Освен со секојдневните професионални и рекреативни тренинзи во пливање, фудбал, кошарка, лизгање, фитнес и останатите спортови кои се застапени во нашата најголема арена, за истакнување се и музичките и спортските настани кои го полнат целиот капацитет на салата.