Спортска Сала Борис Трајковски

Е-пошта

 Спортскиот Центар го носи името на трагично загинатиот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски (1956-2004). Спортскиот Центар се наоѓа на територијата на Град Скопје во општина Карпош. Центарот е изграден од страна на Владата на Република Македонија во 2008-та година. Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ се наоѓа мултифункционална спортска сала која е репрезентативен спортски објект на Република Македонија. Повеќенаменската сала се користи и за културни манифестации.

   Во самиот комплекс се наоѓа и мала спортска сала која се користи за тренинзи и рекреација. Центарот располага и со ексклузивен фитнес и аеробик центар.Како дел од фитнес центарот се и повеќе сауни за релаксација на спортистите. Центарот располага и со пинг-понг клуб кој е достапен за сите посетители.Во самиот комплекс се наоѓа и куглана подготвена по светски стандарди од меѓународната кугларска федерација со бар, а дел од истиот е и билјард клуб. Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ се наоѓаат и 2 спортски шопинг продавници, а во фаза на подготовка е и елитен ресторан.

   По изградбата на спортскиот комплекс во состав на центарот влезе и базенот Младост. Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е елитен комплекс и претставува единствен центар од спортски карактер на територијата на Република Македонија, како и на Балканскиот Полуостров.
Центарот е адаптиран по стандардите на најмодерните спортски центри во САД. Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е сликата на спортот и положбата на здравјето и вистинскиот живот. Центарот е достапен за сите граѓани.

 

Повелете дојдете,

Со почит ,

Спортски Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ Скопје

 

 

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер