sl7

Регулативи за користење на Аква Паркот

Посетителите на рекреативниот аква парк се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:

  • Лица помали од 13 години при влез мора да бидат придружувани од лице над 18 години во спротивно мораат да бидат под надзор на родител или старател од причина што за сите штетни последици одговорноста ја сносат родителите/старателите на малолетните лица.
  • Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ги користат атракциите во објектот.
  • Посетители кои имаат отворени рани, кожни болести или инфекции нема да им биде дозволен влез во објектот.
  • Забрането е внесување на пијалоци, храна, наркотични средства и оружје.
  • Посетителите задолжително да ги користат соблекувалните согласно полот означен на вратите.
  • Користењето на водените атракции ќе биде дозволено за посетители кои ќе поседуваат соодветни костуми за капење (забрането е користење на водените атракции во шорцеви без постава, со должина под колената).
  • Не е дозволено носење очила, очила за сонце и леќи за време на користењето на водените атракции.
  • За време на користењето на водените атракции, посетителите не смеат да носат накит.
  • За сите свои лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) посетителите се лично одговорни. Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не сноси одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.
  • Пред започнување со рекреативните активности и користењето на било која водена атракција секој посетител е должен да се обрати на спасителите за да им се дадат инструкции за користење на истите како и на придружната опрема/гумите при што дадените инструкции соодвествуваат со истакнатите ознаки/налепници на секоја водена атракција на видно место.
  • Посетителите МОРА да почекаат инструкција од спасителот, пред да почнат со користење на некоја од атракциите.
  • Секој посетител е должен добиената гума за спуштање по тобоганите, по спуштањето да ја врати на местото обележано за чување на истите.
  • Тобоганите смеат да ги користат исклучиво лица со висина над 1,20 м.
  • Забрането е пливање во алкохолизирана состојба.
  • Забрането е вршење нужда во водата за време на користењето на водените атракции.
  • Забрането е скокање, туркање на други лица во вода, предизвикување караници или тепачки.
  • Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на водените атракции и придружната опрема ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје нема да биде одговорно за истата.
  • Секое лице кое ќе увиди дефект на било која водена атракција и придружна опрема / гуми е должно веднаш да го пријави дефектот кај спасителот заради заштита од несакани последици.
  • Посетителите задолжително да побараат помош од спасителите при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).
  • Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на рекреативниот аква парк во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.
  • Посетителите задолжително да внимаваат на своите деца и доколку се разделат истите треба претходно да се договорат каде повторно ќе се најдат.
  • Пушењето е забрането во секој затворен дел на објектот.
  • Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите од спасителите во рекреативниот аква парк ќе биде отстрането од истиот од страна на извршителите на обезбедување.
  • На секое лице кое ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник, нема да му биде овозможено влез во рекреативниот аква парк.

* Сите овие правила се објавени на видно место : на ѕидот на зградата каде се наоѓа пријавницата/билетарата на рекреативниот аква парк.

Член 7

Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои го посетуваат Рекреативниот аква парк не смеат да се рекреираат поради лична лоша здравствена состојба.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите или опремата во Рекреативниот аква паркот.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои го посетуваат Рекреативниот аква парк во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.

Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор  вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Рекреативниот аква парк доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Во случај посетителите на Рекреативниот аква парк да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

 

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слични).