sl7

Правилник за Базен

1. Во големиот базен ќе биде дозволен пристап само на лица (капачи) , кои знаат да пливаат на своја лична одговорност.

2. Одлуките на вработените (спасители) задолжително да се почитуваат, во спротивно ќе бидете отстранети од  базенот.

3. Користење на базен е дозволено на лица во соодветни костими за капење и капа за капење (забрането да се плива со шорцеви без постава и под колена) .

4. Пред влез во голем и мал базен, капачите задолжително да се истушираат.

5. На капачи со отворени и инфицирани видливи рани или инфективна кожна болест, нема да им биде дозволен влез во базенот.

6. По влегување на капачите во внатрешениот дел на објектот, забрането е влегување со чевли,патики и сл., носење храна, пијалоци, стаклени кршливи предмети.

7. Забрането е скокање во вода, туркање на други лица во вода, попречување на други пливачи, предизвикување кавги  или тепачки.

8. Пушењето е забрането во секој внатрешен дел на објектот.

9. Забрането е да се плива во алкохолизирана состојба.

10. Забрането е да се врши нужда за време на престој во базенот (во вода) .

11. Членови на спортските клубови не може да останат во базенот без тренер, кој е одговорен за спроведување на активности, во спротивно секој член ќе биде обврзан да плати билет за рекреативно капење.

12. За користење дополнителна базен опрема, (играње со топка,внатре во базенот во вода), мора да се има одобрение од спасителите на пливачкиот базен.

13. Капачите задолжително да ги користат соблекувалната и кабините одделени согласно со полот, означени на вратите.

14. При евентуални повреди (исекотини,отоци настанати при удар итн.) Ве молиме да побарате помош од лицата кои работат како спасители.

15. За пари и други вредни работи доколку корисникот ги носи со себе (односно не ги остави на пријавница), а притоа ги изгуби,вработените на базенот не се одговорни.

16.Сите настанати штети од страна на сторителот ќе бидат на товар на материјална и кривична одговорност.

17. Сите корисници (рекреативци на базен,при купување на билет и земање на клуч од шкафче, должен е истиот да го врати на пријавница.

18. Корисниците на термини по договор (пливачки клубови-тренерот зема клучеви од шкафчиња на членови од нивниот клуб и по завршувањето на терминот задолжително ги враќа клучевите на пријавницата) .

19. Корисниците кои ќе изгубат клуч од шкафче должни се истиот финансиски да го надоместат во вредност од 500 денари.

Вашите коментари, поплаки, предлози и пофалби, напишете ги во книгата која се наоѓа на пријавницата на базенот.

*** Лицата кои не се придржуваат до овие стандарди на однесување ќе бидат отстранети од објектот !