Vip лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски, остави уште една успешна сезона зад себе

Почитувани,

Денес и официјално завршува четвртата по ред Сезона на "vip" Лизгалиштето, кое се наоѓа во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски.

Според Раковотството на Спортскиот центар, минатата сезона 2016-2017 е најуспешна реализирана сезона на "vip" Лизгалиштето досега.

Менаџментот е задоволен од постигнатите резултати од изминатата сезона како и од зголемената заинтересираност на граѓаните да уживаат во овој вид на зимски спорт.

-Со особена чест и задоволство можам да истакнам дека испишавме уште една успешна сезона на "vip" лизгалиштето. Нескромно можам да истакнам дека од година во година интересот на граѓаните за посета на "vip" лизгалиштето, односно своето време за рекреација да го поминат на лизгалишето се зголемува.

Она што највеќе ме радува е фактот што се поголем е бројот на деца кои изразуваат желба да партиципираат во зимските спортови што ги нуди "vip" лизгалиштето, односно да ги посетат школите за уметничко лизгање како и школата за хокеј.

lizgaliste-17

Со гордост би сакал да го искажам своето задоволство со фактот што изминатава сезона бевме домаќини на Меѓународниот клубски натпревар во уметничко лизгање (skopje on ice)  кој за прв пат се одржа во Република Македонија, на кој членовите на нашата школа по уметничко лизгање земаа учество и освоија низа медали во сите категории. Имено во периодот од 23.11.2016 до денес, 31 натпреварувачи од Школата за уметничко лизгање заземаа учество на вкупно 6 меѓународни натпревари, каде што освоија 7 златни, 2 сребрени и 6 бронзени медали.

За мене и мојот тим, ова ни дава дополнителен мотив и инспирација за понатамошни успеси и напредок на Спорскиот центар. - изјави Златко Перински, директорот на СЦ Борис Трајковски.

tenis-2-17

Како најава за претстојната пролет, Спортскиот центар Борис Трајковски од денес 21 март, ги отвара вратите на четирите "vip" тениски терени.

- Во сезоната што ни претстои, очекуваме огромен интерес од страна на граѓаните за посета на "vip" тениските терени, особено очекуваме интерес од најмладите, кои имаат можност да ги искусат основите на тенисот во Школата за тенис, која работи во рамките на Спортскиот центар Борис Трајковски, додаде Перински.

Ве покануваме да уживате.

Со љубов,
Спортски Центар Борис Трајковски.

Печати