Аква парк - крај на сезона

06.09.2016

Единствениот аква парк кој работи во рамки на СЦ „Борис Трајковски“, “Vip Аква парк” вчера на (05.09.2016) ја заокружи четвртата сезона по ред која на наше огромно задоволство може да се вброи во една од поуспешните.

 Оваа сезона 2016 “Vip Аква парк” беше прибежиште од летните горештини на над 34 000 посетители. Аква паркот работеше секој ден од 10 до 20 часот, со исклучок на неколку денови поради лошите временски услови.

 “Vip Аква парк” оваа сезона официјално стартуваше со работа на 11ти јуни  и во текот на целото лето можност имаа сите граѓани да се забавуваат на десетте тобогани, „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река и слични модерни содржини.

 За безбедноста на посетителите се грижеа 36 лиценцирани спасувачи од Црвен Крст на Република Македонија.

 СЦ „Борис Трајковски“ изразува огромна благодарност до сите посетители на “Vip Аква парк” со надеж дека и наредното лето повторно ќе имаме можност да се дружиме и да ги користиме содржините на аква паркот.

Со почит,
СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Печати